Sony Xperia L официјално потврден, доаѓа наскоро

Објавено на 18.03.2013 во Новости



Sony Xperia L официјално потврден, доаѓа наскоро

Sony Mobile ја потврди веста за лансирањето на нов смартфон од серијата Xperia која кружеше во последниот период во медиумите. Се работи за нов квалитетен смартфон кој ќе припаѓа на средната класа со достапна цена и подновени хардверски и софтверски карактеристики.

The Xperia L Android mobile - every moment captured perfectly.

Најпозитивна страна на Sony Xperia L е неговиот убав дизајн кој многу наликува на далеку помоќниот смартфон Sony Xperia Z. Но, освен естетска привлечност, овој мобилен телефон на Sony ќе има и одлична 8 мегапикселна камера, која ги поседува новите карактеристики како HDR и Exymor сензорот кои даваат дополнителен квалитет.

Sony Xperia Lќе биде опремен и со дво-јадрен Qualcomm Snapdragon Plus процесор со брзина од 1 GHz што е сосема доволоно за оваа класа на смартфони. Големината на екранот е 4.2 инчи во дијагонала со висока резолуција која речиси го достигнува HD стандардот со 854 х 480 пиксели, додека пак, како прединсталиран оперативeн систем доаѓа Android 4.1 Jelly Bean.

Xperia L

Сеуште од Sony не ја соопштија цената на овој смартфон, но најавија дека ќе биде достапен во втората половина на 2013-та. Од следното видео погледнете ја првата видео презентација која става акцент на одличната камера.

Автор: Aleksandar Stankov