iPhone 5S со нов извонреден софтвер

Објавено на 19.03.2013 во Новости



iPhone 5S со нов извонреден софтвер

 

HTC, Sony и Samsung веќе ги имаа нивните големи претставувања за новите предводници на пазарот оваа година, додека за смартфонот на Motorola/Google се уште има околу два месеци до настанот Google I/O кoга би требало да биде претставен нивниот конкурент во врвната класа.

Најновата информација која доаѓа е дека следниот iPhone 5S (всушност iOS) кој ќе има нова ‘убиствена опција’, што изгледа доста очигледна работа за Apple доколку сака да биде чекор напред од останатите.

Аналитичарот од Morgan Stanely, Katy Huberty, може да биде сигурен извор на информации, затоа што тој неодамна се сретнал со директорот за финансии на Apple, Peter Oppenheimer. Huberty вели дека ‘Apple ќе изненади оваа година’ со ‘извонредна опција која ќе привлече доста корисници кон платформата’. Таа рече дека опцијата ќе започне кај iPhone 5S, но нагласи дека тоа ќе биде подобрување во софтверскиот дел со што ќе се зголеми ‘вредноста на оние 500 милиони Apple сметки’.

Според тоа, новата верзија ‘S’ нема да го промени многу надворешниот изглед на iPhone, и Apple повеќе ќе се фокусира на перформансите и подобрувањата во софтверот.

Со нетрпение очекуваме да ги видиме новите опции кај Apple кои сигурно ќе бидат нешто различно од она што сме го виделе до сега кај останатите модерни смартфони. Според гласините, за неколку месеци го очекуваме и iPhone 5S со значајни промени во интерфејсот.