ICloud e најкористен сервис за складирање во САД

Објавено на 22.03.2013 во Новости



ICloud e најкористен сервис за складирање во САД

 

Иако Apple нема најдобра репутација за онлајн услугите, тоа не го запре нивниот iCloud - онлајн сервис за складирање, да стане најкористената cloud услуга во САД.

Новиот извештај направен од Strategy Analytics покажува дека 27% од американските интернет корисници го користат iCloud, а тоа е за 10% повеќе од второ рангираниот Dropbox, кој се употребува од 17% од американските интернет корисници.

Причината поради која Dropbox се наоѓа на оваa позиција е поради тоа што нема поврзан екосистем, што е голема слабост во спредба со iCloud, Cloud Drive на Amazon и Google Play. Сепак, фактот дека Dropbox се наоѓа веднаш зад Apple е доста импресивен податок, велат од Strategy Analytics.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: