ОНЕ и Македонската кошаркарска федерација заедно на ЕП во Словенија

Објавено на 28.03.2013 во Новости



ОНЕ и Македонската кошаркарска федерација заедно на ЕП во Словенија

 

Операторот ОНЕ најави продолжување на соработката со Македонската кошаркарска федерација. За сите љубители на националната кошарка, ОНЕ ќе ги следи и поддржува македонските кошаркари и на претстојното Европско првенство 2013 во Словенија.

Неколкугодишната успешна соработка на ОНЕ со Македонската кошаркарска гордост резултираше со уште еден договор кој ќе опфати и поддршка на македонската репрезентација на Европското првенство во Словенија. Ние сме особено горди на оваа соработка, веруваме во македонските кошаркари и им посакуваме добар пласман на првенствотоизјави Генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

Врвот на Македонската кошаркарска федерација и новиот селектор на машката кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан сметаат дека континуираната поддршка и темелниот пристап во партнерството се заслужни за многуте заеднички успеси кои ги делат ОНЕ и МКФ, но и дека продолжувањето на соработката ќе значи идни победи и уште подобри резултати.  На прес конференцијата своето задоволство од продолжување на соработката го изрази и Претседателот на МКФ, Даниел Димевски, кој изјави:

Долгогодишната соработка со ОНЕ не прави навистина горди. Тоа што една од најуспешните компании во Македонија посветено ги поддржува нашите проекти и настапи е само доказ дека и ние се движиме во вистинска насока. Слободно можам да кажам, дека оваа соработка прерасна во вистинско партнерство и пријателство, ОНЕ е компанија со која делиме многу успеси од изминатиот период, исполнетост со врвни резултати и радости. Во исто време, не радува тоа што со ОНЕ продолжуваме напред, во нови проекти и нови успеси, а ни причинува особено задоволство што и во Словенија, на претстојното Европско Првенство, ќе ја имаме нивната безрезервна поддршка. Едноставно, ОНЕ е дел од тимот на МКФ, ние се чувствуваме како дел од тимот на ОНЕ. А тимот што победува, не се менува.

Дополнително, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ќе биде спонзор и на КУП на Македонија 2013, кој од 28 до 31 март ќе се одржи во СЦ “Борис Трајковски”во Скопје. Билетите за купот се веќе во продажба и во продажните салони на ОНЕ, во кои, ексклузивно, со секој купен билет следува ЏаБест при-пејд СИМ картичка ГРАТИС!!

Периодот што следи, дефинитивно ќе биде во духот на спортот, а особено во духот на кошарката. Традиционално и годинава застануваме зад Македонскиот кошаркарски куп, а сите оние кои ќе набават билети за истиот во нашите продажни салониќе ги наградиме со еден Џабест СИМ,  најевтиниот при-пејд производ на пазарот, изјави Главниот оперативен директор на ОНЕ, Тадеј Ленарчич.

files/images/images-web/2013/pr/03-mart/zdrepka.jpg

ОНЕ и Македонската кошаркарска федерација како партнери остануваат посветени на својата досегашна мисија, на сите љубители на спортот и на кошарката да им понудат атрактивни спортски содржини и настани, но и промоција на Македонската кошарка во земјата и надвор од неа.





Прочитајте повеќе: