Sony Xperia SP и Xperia L доаѓаат овој месец

Објавено на 02.04.2013 во Новости



Sony Xperia SP и Xperia L доаѓаат овој месец

 

Компанијата Sony Mobile пред еден месец го најави продолжението на серијата Xperia со два нови смартфони Xperia SP и Xperia L за кои претходно добивме официјална потврда. Нивното пуштање во продажба е закажано за 15 април, а прва држава во којa ќе бидат достапни е Велика Британија.
 
Sony Xperia SP многу наликува на делку подобриот смартфон од премиум класата Sony Xperia Z, но освен добриот дизајн овој телефон поседува и одлични карактеристики, како што е екранот со големина од 4.6 инчи, четири-јадрениот процесор и камерата од 8 мегапиксели.
 
 
Sony Xperia L пак е смартфон од средната класа со 4.3 инчен екран, дво-јадрен процесор од Qualcomm и исто така 8 мегапикселна Exmor RS камера. Двата нови смартфона работат на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean, a во наредниот период очекуваме повеќе информации за нивниот пласман во остатокот од Европа и нивно доаѓање и во Македонија.