Sony Mobile во пролетна офанзива

Објавено на 03.04.2013 во Новости



Sony Mobile во пролетна офанзива

 

Јапонската компанија Sony како никогаш досега покажува сериoзни амбиции да го превземе врвот во мобилната индустрија претставувајќи се со неколку одлични уреди, меѓу кои и врвниот смартфон Sony Xperia Z. Сега е највено дека кон крајот на мај во продажба ќе биде пуштен и новиот Sony Xperia Tablet Z.

Овој таблет беше најавен пред два месеци и може да се каже дека се работи за врвен уред со екран од 10 инчи со HD резолуција, четири-јадрен процесор Qualcomm Snapdragon S4 Pro со брзина од 1.5 GHz, батерија со капацитет од импресивни 6000 mAh, додека за оперативниот систем е одбран Android 4.1.2 Jelly Bean.

Sony Xperia Tablet Z има повеќе верзии во поглед на меморискиот капацитет од 16 и 32 GB, додека за конекција се достапни верзии со LTE мрежа и само Wi-Fi поврзување и затоа цената се движи од 600 до 800 долари. Претходно Sony Mobile најави дека во продажба ќе бидат пуштени и двата нови смартфони Sony Xperia SP и Xperia L.