Sony влезе во Гинисов рекорд

Објавено на 05.04.2013 во Новости



Sony влезе во Гинисов рекорд

Sony имаше интересен видео ѕид на конгресот за мобилна технологија (MWC) што се одржа во Барселона во февруари – направен од 196 телефони на Sony Xperia ZL подредени во мрежа 14х14 и со нивните екрани од 1080р синхронизираа еден дисплеј со слика со димензии од 1.9mx1m. Sony влезе во Гинисов рекорд за најголем анимиран мозаик направен од мобилни телефони. Тимот кој го направи ова уште тогаш тврдеше дека тоа е најголемиот ваков ѕид, а денес влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Претходниот рекорд беше со поставување на само 72 телефони, што е и помалку од половина од телефоните на Xperia ZL кои беа употребени на ѕидот на Sony.

  

Целиот ѕид беше околу 85 инчи во дијагонала, од кои 70 инчи беа активен екран. И бидејќи секој од уредите има 5-инчен екран со Full HD резолуција, крајната слика имаше неверојатни 406МР резолуција (26.880 х 15.120).