Nokia Lumia 720 го започнува европскиот поход
Објавено на 15.04.2013 во Новости
Nokia Lumia 720 е еден од најевтините смартфони со оперативен систем Windows Phone 8 и може да биде вистински избор за тие што би сакале да ја испробаат платформата на Microsft.
Nokia Lumia 720 официјално започна со продажба во Русија, а потоа ќе биде достапен и во остатокот од континентот. Овој смартфон е подобра и поголема верзија на Nokia Lumia 520 и има екран од 4.3 инчи, можност за безжично полнење и надополнување на меморијата преку microSD картичка.
Како и сите останати смартфони со оперативен систем Windows Phone 8 нема импресивни хардверски компоненти, а тука е и камерата со сензор од 6.7 мегапиксели. Цената на Nokia Lumia 720 ќе се движи од 300 до 400 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.