Twitter Music доаѓа за мобилен

Објавено на 19.04.2013 во iOs



Twitter Music доаѓа за мобилен

 

Подолго време се шпекулираше дека Twitter ќе лансира музичка апликација или пак нов сервис за споделување и превземање на песни и сега конечно имаме официјална потврда. Апликацијата Twitter Music уште денес доаѓа за iOS.
 
 
Новиот музички сервис Twitter Music е изработен во соработка со повеќе компании како Rdio и Spotify за директен стриминг од нивна страна. За почеток оваа нова апликација ќе биде достапна за корисниците на iPhone а, Twitter Music директно ќе се поврзува и со iTunes за превемање на песни.
 
 
Twitter Music барем според првичните информации и слики има функции како и сите  стандардни музички плеери, но со голема интеграција на социјалната мрежа каде што може да го споделите вашиот музички вкус со останатите корисници на Twitter или пак да добивате предлози од нив.
 
 
За почеток Twitter Music ќе биде достапна само за iOs, па уште денес очекувајте ја апликацијата во App Store за да ја инсталирате, а тие што користат Android уред ќе треба да почекаат уште неколку дена бидејќи наскоро следи и лансирање во Google Play Store.