Пола милион симнувања на Facebook Home

Објавено на 22.04.2013 во Новости



Пола милион симнувања на Facebook Home

 

И покрај огромната медиумска кампања за претставувањето на новиот Facebook Home, од 12ти Април од кога е достапен во Google Play Store бројот на симнувања е само 500.000. Ова е одредено преку промената на графикот кој покажува опсег во гранците од 100.000 до 500.000 остварени симнувања на апликацијата.

Оваа бројка покажува дека нема споредба со оние 5 милиони симнувања на Instagram за првите 6 дена за телефоните на Android, но треба да нагласиме и дека Facebook Home е достапен за само одредена група на уреди. Оваа група ги вклучува телефоните: Samsung Galaxy S III, Samsung Galaxy Note II, HTC One X, HTC One X+ и неодамна објавениот HTC One.

HTC First е смартфонот кој беше лансиран конкретно за Facebook Home во соработка помеѓу тајванската компанија HTC и Facebook.


Сепак останува да видиме во наредниот период каква ќе биде заинтересираноста за оваа долго-најавувана апликација на најпознатата социјална мрежа.