Гласовното пишување пораки е опасност во сообраќајот

Објавено на 23.04.2013 во Новости



Гласовното пишување пораки е опасност во сообраќајот

 

Според ново истражување спроведено од Институтот за сообраќај во Тексас гласовното пишување на SMS или e-mail пораки е опасно и ја загрозува безбедноста на возачот исто како и традиционалното типкање на мобилниот телефон.

Во денешно време се почесто се користат гласовните асистенти Google Now и Siri кои реагираат на голем број на гласовни команди, а тука е и гласовната навигација за мапи и насоки, но нивното користење не ја подобрува безбедноста во сообраќајот, туку ја одзема концетрацијата на возачот.

Институтот за сообраќај во Тексас утврдил дека речиси кај сите тестирани возачи времето на реакција е забавено за два пати од нормалното. Иако при гласовните команди не го користиме погледот, мозокот поминува низ истиот процес на размислување што го деконцентрира возачот и ги забавува неговите реакции, па затоа возете внимателно и оставете го допишувањето за време на паузите.