Nokia Asha 210 е новиот QWERTY конкурент

Објавено на 24.04.2013 во Новости



Nokia Asha 210 е новиот QWERTY конкурент

 

Пред официјалната промоција на Nokia Asha 210 кружеа многу шпекулации за лансирање на новиот знаменосец на Nokia за кој ќе почекаме уште некое време, а сега го добиваме овој нов евтин мобилен телефон со физичка QWERTY тастатура.

Nokia Asha 210 ќе биде далеку поевтин од смартфоните понудени во серијата Lumia и ќе биде наменет пред се за тие што често пишуваат пораки. На самиот смартфон има и посебно копче кое ја активира апликација за пораки WhatsApp.

Oвој телефон има екран со големина од 2.4 инчи и 2 мегапикселна камера, а според изјавите на официјалните лица Nokia Asha 210 целосно е посветен на социјалните мрежи, што значи прединсталирани се и апликациите на Facebook и Twitter. Nokia Asha 210 ќе се продава по цена од 80 долари и ќе биде достапен во голем број на различни бои на маската.