Каде исчезнаа 10.000 Android апликации за BlackBerry

Објавено на 07.05.2013 во Blackberry



Каде исчезнаа 10.000 Android апликации за BlackBerry

 

Пред да биде промовиран новиот оперативен систем BlackBerry 10 официјалните лица на канадската компанија најави дека платформата ќе биде лансирана заедно со 70.000 апликации, но голем дел од нив како да исчезнаа.
 
 
Познато беше дека голем дел од нив се приспосoбени апликации од платформата на Android и таа бројка требаше да изнесува околу 25.000, но според последните податоци недостасуваат околу 10.000.
 
 
Вaквата промена делумно се должи на тоа што некои апликации го имаат променето кодот на Android со оригиналниот код на BlackBerry 10, но поголема е веројатноста дека голем дел од нив се повлечени од маркетот на апликации BlackBerry World. Оваа платформа и натаму има недостаток на популарни и корисни апликации, а најнова вест е дека на пат се нови 30.000 апликации и сервиси кои ќе им бидат на располагање на корисниците на BlackBerry 10.