BlackBerry Q10 од 24 каратно злато
Објавено на 09.05.2013 во Blackberry
Новиот претставник на канадската компанија BlackBerry Q10 ја започна својата офанзива на 1-ви мај и ја продолжи традицијата на BlackBerry со познатата физичка QWERTY тастатура. Овој пат имаме една невобичаена златна варијанта на BlackBerry Q10.
Овој луксузен смартфон е изработен од 24 каратно злато и ќе се продава по висока цена од 2500 долари. Златната верзија на BlackBerry Q10 нема никакви промени во хардверот.
Целта на Goldgenie е да ги освои богатите и по малку размазени богаташи кои треба да го поседуваат најновиот уникатен модел. Златниот BlackBerry Q10 ќе се испорачува со отклучена SIM картичка.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.