Што му фали на Samsung Galaxy S IV !?
Објавено на 12.05.2013 во Новости
Телефонот кој претендира да го добие епитетот или титулата најдобар на светот има еден голем недостаток
.
Samsung Galaxy S IV има речиси се што е потребно да се нарече најдобар, тука е одличниот 5 инчен Full HD екран, осум-јадрениот процесор, како и иновативниот софтвер кој ги има најновите достигнувања, но сепак има нешто што го прави ранлив.
Втората најголема забелешка за Samsung Galaxy S IV покрај едноличниот пластичен дизајн, е и ограничената меморија која од предвидените 16 GB може да се искористат само 9 гига.
Проблемот е што смартфонот е наполнет со голем број на софтверски додатоци кои не може да се отстранат доколку не ги користите. Иако има можност да ставите мемориска картичка, тоа не менува многу бидејќи одредени апликации не може да се префлат на мемориската microSD.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.