Windows 8 е преиновативен за многу корисници

Објавено на 15.05.2013 во Новости



Windows 8 е преиновативен за многу корисници

 

Иако Microsoft тврди дека Windows 8 се продава според планираното, генералното мислење е дека новиот оперативен систем е прилично разочарувачки производ, како резултат на постоечкиот удел на пазарот.

Зборувајќи за новата Windows верзија, Jeff Kagan објасни дека Windows 8 направи премногу промени, така што за корисниците беше прилично тешко да се навикнат на нив.

‘Беше премногу иновативно, премногу брзо и корисниците се повлекоа. Компаниите кои сакаат да бидат иновативни мора да го прават тоа побавно за да бидат успешни. Не сум сигурен дека Microsoft ги сфаќа сите промени кои треба да дојдат со новата верзија т.н. Blue,’ вели Kagan.

Microsoft неодамна објави дека продал 100 милиони копии на Windows 8 од лансирањето, коj прилично e во согласност со Windows 7, сегашниот светски број еден оперативен систем.