BlackBerry Q5 е новиот хит смартфон

Објавено на 21.05.2013 во Новости



BlackBerry Q5 е новиот хит смартфон

Канадската компанија го најави пуштањето во продажба на нивниот најнов смартфон BlackBerry Q5 кој е втор за оваа година со физичка QWERTY тастатура и се очекува да има пониска цена од претходно лансираниот BlackBerry Q10.

За таа цел е промовирано и првото демо видео кое служи како водич за опциите на овој нов одличен уред кој потсетува на старите добри телефони што ги произведуваше BlackBerry. Очигледно е дека кај купувачите сеуште постои голем интерес за телефони кои наместо екран на допир имаат физика тастатура.

BlackBerry Q5 ќе биде насочен кон младите купувачи со неговиот освежен и модерен изглед и пред се со својата ниска цена која го прави конкурентен на пазарот, за разлика од досегашните телефони кои беа пред се ориентирани кон бизнис класата. Во продолжение погледнете ја прватa видео презентација на BlackBerry Q5.