Камерата на Nokia Lumia 925 е подобра од Lumia 920

Објавено на 31.05.2013 во Новости



Камерата на Nokia Lumia 925 е подобра од Lumia 920

Во последната фото сесија, Nokia Lumia 925 покажа како една одлична камера треба да биде во услови на слаба осветленост. Сепак, овој пат предводникот на компанијата не се натреваруваше со HTC One, Galaxy S4, Xperia Z или пак iPhone 5, туку тој беше спореден со смартфонот Nokia Lumia 920, а разликите се прилично очигледни.

Како што можете да видите самите во примероците направени, Nokia Lumia 925 е способна за правење на слики со поживи бои отколку Nokia Lumia 920 (и во сликата погоре и подолу, камерата на Lumia 925 е врз Lumia 920). За разлика пак, сликите направени со вториот телефон, имаат малку постудена застапеност на бојата. Покрај тоа сликите на Nokia Lumia 920 се чини имаат недостаток во контрастот, за разлика од оние добиени со Lumia 925.

Како и да е, најавено е дека со следната надградба на Nokia Lumia 920, перформансите на камерата на смартфонот ќе добијат засилување со ажурирање на софтверот. На тој начин, т.н. Lumia Amber надградба, која се очекува да почне во третиот квартал на 2013, ќе ја вклучува апликацијата Smart Camera на Nokia со своите бројни функции и ефекти, потоа поддршка за ISO 3200, побрз рафал на снимки и FM радио поддршка. 

Автор: Aleksandar Stankov