Apple двојно ќе ги зголеми графиките во процесорите

Објавено на 31.05.2013 во Новости



Apple двојно ќе ги зголеми графиките во процесорите

 

Според MacRumors, Apple ангажирал најмалку десетина поранешни графички инженери од производителот на поупроводници AMD, објавувајќи ги профилите на новите вработени со нивните профили на LinkedIn.

Наводно компанијата вработила повеќе графички архитекти, хардвер инженери и други, откако AMD отпушти голем број на вработени во јануари. Неодамна објавените позиции откриваат дека Apple прави напреден тим од инженери за чип за својот Дизајн Центар во Орландо, и моментално бара менаџер кој ќе го 'води тимот' и ќе испорача 'високо-квалитетен IP за спецификација и распоред'. Apple го претстави iPad во 2010 година со својот прв сопствен дизајниран мобилeн процесор, чипот А4, и од тогаш компанијата продолжи се повеќе да ја развива својата технологија.

Се очекува новиот тим на инженери наскоро да ја претстават следната генерација на А7 процесорите која ќе има двојно поголем капацитет од сегашните чипови.





Прочитајте повеќе: