Acer изненади со нов 5.7 инчен смартфон

Објавено на 04.06.2013 во Новости



Acer изненади со нов 5.7 инчен смартфон

Речиси сите призоводители побрзаа да лансираат смартфон во категоријата фаблет која полека ги освојува корисниците пред се поради атрактивноста на големите екрани. Затоа Acer го најави новиот 5.7 инчен смартфон Liquid S1.
 
Acer Liquid S1 покрај огромниот екран од 5.7 инчи со резолуција од 720 х 1280, ќе поседува и четири-јадрен процесор MediaTek со брзина од 1.5 GHz, 8 мегапикселна камера и 2 GB RAM.
 
 
Со ваквите компоненти Acer свесно влегува на пазарот за да добие многу пониска цена од останатите конкуренти, па доколку навистина сакате да поседувате еден фаблет Acer Liquid S1 може да биде одличен избор. Смартфонот ќе работи на Android 4.2 и се очекува да се најде во продажба најрано од септември.