AMD сака дел од мобилниот колач

Објавено на 07.06.2013 во Новости



AMD сака дел од мобилниот колач

Производителот на процесори и чипови кој е најголем партнер на Microsoft сака да го прошири бизнисот, но според изјавите на директорите AMD нема да пука во празно како Intel чија стратегија за влез во мобилната технологија е „кому иде“.

Според Лиса Су, еден од директорите на AMD, целта е да се оди на сигурно и да се најдат партнери како Android и Chrome, кои се главни бизниси на Google, а соработката ќе биде заедничка во делот на хардверот.

AMD е квалитетен производител кој веќе се докажа со производите на Microsoft и Windows, но нивниот удел полека почнува да се намалува а, со тоа и приходите. Ќе биде интересно да се види каква технологија ќе понуди AMD во делот на мобилните процесори.