Apple официјално го претстави iOS 7

Објавено на 10.06.2013 во Новости



Apple официјално го претстави iOS 7

По многу гласини, Apple конечно ја претстави новата надградба на својот оперативен систем - iOS 7, која има темелно обновен интерфејс, нов Контролен Центар, транспарентни анимации и многу повеќе.

Новиот систем ќе биде достапен за iPhone 4, iPhone 4S, iPhone 5, iPad 2, iPad третата и четвртата генерација, iPad mini и на iPod touch петтата генерација, најверојатно поради моќните потреби за работа на новиот оперативен систем.

Последната голема надградба за мобилните уреди на Apple – iOS 6 беше огромен хит, но имаше голем пропуст со мапите.

За разлика, iOS 7 донесува многу корисни подобрувања, нов изглед на брендот со променети икони и нови елементи на интерфејсот. Сите икони се редизајнирани, а исто така има промени во позадината со различни анимации и 3D ефект.

Голема промена има во мултитаскинг системот, кој ќе може почесто да се ажурира и да не ја троши батеријата. Исто така, надградба има во пребарувачот Safari, AirDrop, Face Time Audio, Контролниот Центар, iOS во кола, iTunes radio, app store, Siri, во камера и сликите, итн.

Наскоро следуваат повеќе информации за најновата надградба на iOS, следете нѐ.





Прочитајте повеќе: