Ви треба доктор? Пробајте ја оваа апликација!

Објавено на 11.06.2013 во iOs



Ви треба доктор? Пробајте ја оваа апликација!

На интернет кружат бројни медицински сервиси кои може да ви послужат како извор на информации за одредена болест или медицинска состојба, а исто така постои и голема понуда на апликации за смартфони и таблети со лекарски совети, но прашање е колку може да им верувате.
 
iPad Screenshot 1 iPad Screenshot 2
 
Новата апликација Hello Doctor може да го промени тоа и нема за цел да ве залажува и да ви дава погрешни совети кои некогаш може да бидат и штетни. Со Hello Doctor може полесно да се справите со боледувањето и да го организирате вашето лекување.
 
iPad Screenshot 3 iPad Screenshot 4
 
Преку апликацијата може да ги внесете сите направени анализи и да ги имате во дигитална форма со точен тајминг. Тоа ќе ви донесе полесен увид во се што е поврзано со вашата дијагноза и методите на лекување. Апликацијата Hello Doctor е бесплатна за превземање од App Store.