Google повторно потроши цело богатство

Објавено на 12.06.2013 во Новости



Google повторно потроши цело богатство

Технолошкиот гигант направи уште една мега зделка откако плати над една милијарди долари за да го купи сервисот Waze кој обезбедува податоци за навигација и сообраќај од самите корисници.

На овој начин Google ќе го зајакне сопствениот серис за навигација Google Maps на кој одлично че му дојдат советите од огромната база на корисници. Преку Waze се пренесуваат информации за гужви во сообраќајот, дали некаде има блокада на патот и се што се случува на градските улици во секое време.

За да ја обезбеди аквизицијата Google им плати на сопствениците 1.3 милијарди американски долари и со тоа ги победи Yahoo, Facebook и Apple кои за купувување нуделе само една милијарда, а Facebook барал канцеларијата на Waze од Израел да се пресели во нивното седиште во САД.