Камбекот на BlackBerry почна силно

Објавено на 14.06.2013 во Новости



Камбекот на BlackBerry почна силно

Враќањето на канадската компанија дојде со одличните телефони BlackBerry Z10 и Q10 кои беа претставени во почетокот оваа година, и сега за сега извештаите од продажбата се доста позитивни и се движат во нагорна линија.

Според анонимни извори за доставување за Digitimes тврдат дека компанијата започнала да го зголемува производството и очекува да испорача помеѓу 30 милиони до 40 милиони уреди оваа година. BlackBerry Q10 особено е хит од неговото објавување и достигна силна продажба во Европа и во САД.

BlackBerry испорача околу 1 милион уреди на BlackBerry 10 во последниот квартал, што беше особено импресивно со оглед на тоа дека BlackBerry Z10 едвај стигна на пазарот кога BlackBerry ги пријави своите квартални приходи. Клучот за компанијата во наредните месеци ќе зависи многу од продажбата на својот евтин BlackBerry Q5 смартфон на пазарите во развој во споредба со сличните понуди од конкурентите од Samsung и Nokia.

Автор: Aleksandar Stankov