Nokia EOS доаѓа со камера од 41 МР

Објавено на 15.06.2013 во Новости



Nokia EOS доаѓа со камера од 41 МР

Според последните информации, веќе воопшто не е тајна дека финската компанија Nokia прави Lumia смартфон со PureView камера со висока резолуција.

Наредниот месец, за кога е закажана прес конференцијата на Nokia во Њујорк, се очекува да биде претставен долго-најавуваниот модел Lumia EOS. Според гласините, овој смартфон ќе биде направен од поликрабонат и ќе има дисплеј од 4.5 инчи со 720 пиксели. Претходните извештаи посочија дека смартфонот ќе има PureView задна камера со Carl Zeiss леќи, но резолуцијата на леќите беше мистерија.

Според последните слики објавени од страна на кинеската веб страна Weibo, сепак се потврдува дека наскоро ќе биде претставен уред со камера од 41МР. Се очекува Nokia да го претстави Lumia EOS на својот голем настан во Њујорк на 11 јули.