Што ќе му донесе Waze на Google

Објавено на 15.06.2013 во Android



Што ќе му донесе Waze на Google

Teхнолошкиот гигант неодамна потроши цело богатство за да го купи Waze сервисот за добивање на информации за сообраќајот и навигација кој ќе биде инкорпориран во Google Maps, па прашање е дали потрошените 1.3 милијарди долари навистина се исплатат.

Според Ноам Бардин, извршниот директор на Waze преку оваа зделка гигантот Google ќе добие неколку предности во однос на останатите сервиси како Nokia Drive и Apple Maps, а тоа се следниве точки.

Како прво тоа е можноста апликацијата Google Maps да се ажурира постојано во реално време користејќи ги информациите од самите корисници кои ги има милиони ширум светот. Втората предност е што Google многу полесно ќе може да ги пласира своите мобилни реклами бидејќи ќе знае што може да им понуди на своите корисници. 

Автор: Aleksandar Stankov