Sony Xperia ZL добива надградба до Android 4.2.2

Објавено на 21.06.2013 во Новости



Sony Xperia ZL добива надградба до Android 4.2.2

Sony Mobile во последниот месец спроведува надградба на оперативниот систем на своите најнови и најдобри смартфони со последната верзија на Android 4.2.2 Jelly Bean, а следен во низата е одличниот Sony Xperia ZL.

Сопствениците на овој смартфон покрај очекуваната надградба која се реализира за многу кратко време ќе имаат и можност во пакет да добијат и неколку промени во софтверот кои се обезбедени од самата компанија Sony.

Меѓу нив се Media App која служи за користење на забавни содржини, потоа my Xperia апликацијата со која може да го лоцирате вашиот смартфон во случај да го изгубите, а исто така е надграден капацитетот на microSD мемориската картичка која може да се надополни до 64 GB. Надградбата се извршува преку самиот смартфон во менитo за пребарување на нов софтвер.





Прочитајте повеќе: