Силна продажба на BlackBerry 10 во светот, но не и во САД

Објавено на 21.06.2013 во Новости



Силна продажба на BlackBerry 10 во светот, но не и во САД

Се чини дека секоја недела слушаме се повеќе извештаи околу заживувањето на BlackBerry, иако оние кои живеат во САД не сметаат така бидејќи едноставно најновите смартфони на канадската компанија ги нема во нивните секојдневни животи.

Според неодамнешните извештаи, BlackBerry Z10 и Q10 одлично се продаваат и во повеќето држави во Европа. Но, тој процент на испорачани и продадени уреди на BlackBerry е многу помал во САД.

Barron’s истакнува дека според најновото истражување направено од аналитичарот Mark Sue од RBC Capital во кое вели дека побарувачката на BlackBerry 10 се чини дека е микс од региони во Канада, Велика Британија и Блискиот Исток, но сепак BlackBerry има намалена потрошувачка, и продажбата е забавена. Продажбата на BlackBerry во САД може да се зголеми бидејќи повеќе корпоративни IT оддели ги надградуваат своите корисници со BlackBerry 10, изјави Sue.

Автор: Aleksandar Stankov