Корисниците на iPhone се како зомби

Објавено на 24.06.2013 во Новости



Корисниците на iPhone се како зомби

Да не се навредите сите вие iPhone корисници, тоа не е наше мислење, туку на Nokia која продолжува со провокативните реклами кои се насочени кон своите директни конкуренти. Токму тоа е направено во новата реклама против iPhone и неговите корисници.
 
 
Овој пат на мета се најдоа верните фанови на Apple кои се прикажани како зомби додека се обидуваат да направат слика со камерата навечер. Навистина, Nokia Lumia 925 има фантастична камера за ситуации со слаба осветленост, но ова е вистинско претерување.
 
 
Како прво рекламата и не е така интересна и смешна како што се надевале од Nokia, ако ништо друго барем да се потруделе околу изгледот на iPhone зомбите, второ самиот iPhone има добар блиц и e сосема доволен за правење ноќни слики. Во секој случај погледнете ја рекламата и оставете ни ги вашите коментари за овој некоректен потег на Nokia. 

Автор: Aleksandar Stankov