LG Optimus L9 II со нови детали

Објавено на 24.06.2013 во Новости



LG Optimus L9 II со нови детали

На повидок е пласман на уште еден смартфон на LG од серијата L кој ќе биде понуден во средната класа со прилично добри компоненти и достапна цена за повеќето купувачи. LG Optimus L9 II би требало да го видиме на промотивниот настан на LG што ќе се одржи на 7 јули во Њујорк.
 
 
Овој нов смартфон ќе поседува  4.7 инчен екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели, dual-core Qualcomm Snapdragon 400 процесор со брзина од 1.4GHz  кој е сосема нов на пазарот. LG Optimus L9 II ќе работи на оперативниот систем Android Jelly Bean.