Nokia ветува прекрасна есен

Објавено на 25.06.2013 во Новости



Nokia ветува прекрасна есен

Тоа што не очекува од Nokia во наредниот период е промотивниот настан на 11 јули на кој треба да биде претставен новиот смартфон со мега камерата од 41 мегапиксел Nokia EOS. Но, нема да чекаме долго и за уште еден новитет.
 
 
На 19 септември е закажан нов настан, за кој сеуште не се откриени многу детали а Nokia вети дека ќе биде прекрасен и затоа сега за сега го носи мотото „Being Awesome“.
 
 
Од ваквиот наслов може само да претпоставуваме а, до тогаш има неполни три месеци. Наша претпоставка е дека се работи за нов одличен софтвер или пак за најавените нови уреди кои ќе имаат поголем HD екран и употреба на четири-јадрени процесор кои недостигаат кај Windows Phone платформата.