Новиот iOs 7 е збунувачки и тежок

Објавено на 07.07.2013 во Новости



Новиот iOs 7 е збунувачки и тежок

Веќе на интернет кружат повеќе бета верзии на оперативниот систем iOs 7 на Apple кој доби мешани реакции за новитети кои се воведени. За едни системот конечно ги содржи потребните промени додека пак други критикуваат за неговиот изглед и непотребните функции.
 
Но, што ќе се случи кога споредбата меѓу веќе стариот iOs 6 и новиот iOs 7 ја прави едногодишно бебе. Овој интересен експеримент ја покажува реакцијата на малото дете на кое најпрво му даваат iPhone со iOs 6, а потоа iPhone 5 со инсталирана бета верзија на iOs 7.
 
Детето немаше никаков проблем да го отклучи смартфонот со стариот систем додека пак целосно се збуни со iOs 7. Секако ова не може да биде вистински тест за функционалноста на iOs 7, но во секој случај мора да ја погледнете оваа одлична реакција.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: