ZTE Geek e првиот смартфон со Tegra 4

Објавено на 15.07.2013 во Новости



ZTE Geek e првиот смартфон со Tegra 4

Кинескиот производител потврди дека прв ќе пласира на пазарот смартфон со новиот чип на NVIDIA со четири јадра и моќен перформанс Tegra 4 кој ќе има значително подобри графички потенцијали од конкурентите.
 
 
ZTE Geek e уште еден квалитетен смартфон од оваа компанија кој наместо со процесор на Intel ќе работи на новиот Tegra 4 чипсет со брзина на едно јадро од 1.8 GHz, заедно со 2 GB RAM и 8 мегапикселна камера.
 
Овој смартфон беше најавен уште во април, но ZTE ги промени плановите за неговиот хардвер, што значи дека неговиот пласман на пазарот ќе биде одложен за во септември.
Автор: Aleksandar Stankov