Официјално претставена Nokia Lumia 625 со 4.7 инчи

Објавено на 23.07.2013 во Новости



Официјално претставена Nokia Lumia 625 со 4.7 инчи

Како што објавивме вчера, финската компанија денес претстави навистина нешто големо – најголемиот нејзин телефон до сега со екран од 4.7 инчи.

Смартфонот е познат под името Nokia Lumia 625, а оваа серија станува се поголема по претставувањето на Lumia 620 која беше претставена пред неколку месеци оваа година. Сепак, телефонот ја има истата резолуција, со нешто повеќе пиксели 480х800, како и 2-јадрен процесор Snapdragon S4. И покрај LCD екранот, Lumia 625 е потенка од Lumia 920, и тоа со 9.15mm.

Но, сепак овој добар смартфон се разликува од останатите Lumia уреди по својата камера. Nokia Lumia 625 нема камера од 41МР, туку само 5МР која сепак е добра и скромна за правење слики и видео, како и опциите Smart Camera и Cinemagraph кои ги има кај Lumia 925.

Смартфонот има внатрешна меморија од 8GB, додека со картичка оваа меморија може да се надгради до 64GB. Lumia 625 ќе биде достапна во портокалова, зелена, жолта, бела и црна боја, а се надеваме дека телефонот ќе биде пуштен во продажба наскоро.