Google конечно ја откри цената за купувањето на Waze

Објавено на 28.07.2013 во Новости



Google конечно ја откри цената за купувањето на Waze

Гигнатот Google во јуни потврди дека ја купил компанијата за социјална навигација Waze. Првите извештаи сугерираа дека Google можеби платил до 1.3 милијарди долари за компанијата, но сепак реалниот износ кој е откриен е значително помал. Associated Press објави дека Google платил само 966 милиони долари за Waze и неговиот тим, кој планира да се спои со одделот за мапи.

Исто така, откриено е и дека во вториот квартал од 2013 година, Google купил седум други помали компании за вкупна цена од 53 милиони долари. Google претходно изјави дека планира да ги интегрира функциите за сообраќај на Waze и податоците од неколку извори во својот сервис Google Maps, а ќе продолжи да гради и работи со заедницата на корисници кои го напраиле Waze голем.