Google почна да го интегрира Waze во Google Maps

Објавено на 20.08.2013 во Новости



Google почна да го интегрира Waze во Google Maps

Со одобрение од страна на Федералната трговска комисија за антимонополска истрага, Google почна со интегрирање на Waze во Google Maps.

Компанијата објави дека "корисниците на Google Maps за мобилни телефони конечно ќе имаат корист од извештаите за сообраќајки од корисниците на Waze", што значи дека "кога ќе бидат пријавени сообраќајни несреќи, градежни работи, затварање на пат и многу повеќе на Waze, истата содржина, исто така, ќе се појави и на апликацијата на Google Maps за Android и iOS".

Google само што го купи Waze за помалку од 1 милијарда долари на почетокот од летото со намера за ја искористи гужвата на системот за мапи кај својата апликација Maps.

Но, како што соопшти федералната комисија, можно е во одреден момент Google да престане со интегрирање на Waze податоци во Google Maps, со цел да се спречи компанијата од тоа да направат монопол врз мобилните апликации за мапи.