ZTE Open излезе на пазарот во САД и Велика Британија

Објавено на 27.08.2013 во Новости



ZTE Open излезе на пазарот во САД и Велика Британија

ZTE овозможи ексклузивна продажба на смартфонот ZTE Open преку интернет продавницата eBay. За многу кратко време овој паметен телефон беше распродаден.

Продажбата започна на 16-ти август и траеше на територијата на Америка до 17-ти август. За тоа време во САД беа продадени 985 уреди по цена од 79,99 долари.

Додека пак за корисниците во Велика Британија акцијата траеше до 19-ти август, а за тој период беа продадени 990 примероци од моделот на ZTE и тоа по цена од 59,99 фунти.

Понудените уреди кои се најдоа на продажба беа отклучени за сите мрежи и беа во својата препознатлива портокалова боја.

Оваа акција немаше во план да собори рекорди во продажба, туку да анализира дали постои побарувачка за смартфони кои работата на оперативниот систем на Firefox.

Автор: Aleksandar Stankov