Windows 8.1 доставен до производителите

Објавено на 29.08.2013 во Windows



Windows 8.1 доставен до производителите

Microsoft потврди дека ја финиширал надградбата на оперативниот систем Windows 8.1 кој веќе започнува да се доставува до сите производители за да се стигне датумот на официјалното пуштање во употреба на 17 октомври.
 
 
Промените ќе ги добијат сите десктоп компјутери, лаптопи и таблети, без оглед дали се на целосната десктоп верзија или пак скратената верзија Windows RT. Новитет во Windows 8.1 ќе биде враќање на Start копчето, како и можност за boot директно на десктпот, што би придонело за поголема брзина на системот.
 
 
Освен софтверски промени, се очекува и нови уреди да се појават на пазарот кои од старт ќе работат на оперативниот систем Windows 8.1, како што е најавениот таблет на Nokia, но и други уреди од останатите партнери на Microsoft.