Steve Jobs училишта отворени во Холандија

Објавено на 29.08.2013 во Новости



Steve Jobs училишта отворени во Холандија

Учителите повеќе нема да имаат само улога на предавачи на знаење и лекции, туку ја превземаат улогата на „тренери“ кои ќе ги поддржуваат децата во нивните индивидуални и групни проекти.

Првите седум вакви основни училишта се отворени во Холандија, а ќе бидат вкупно 11. За нивното отворање е задолжена фондацијата „Образованите на новото време“ (O4NT).

Училиштата се фокусирани на користење на таблети во своите учења и сите други активности. Па така таблите, распоредите, но и родителските состаноци ќе бидат преселени на таблетите и ќе се следат преку апликации.

Моментално во две училишта се нуди образување со помош на „iPad“ во сите одделенија, додека во останатите ќе се шири како што ќе растат децата. Меѓу апликациите кои се наоѓаат на таблетите се и „sCoolSpace“, виртуелно игралиште за секое училиште каде децата можат да се дружат во вистинско време.

Учениците и учителите имаат свои аватари, а можат да комуницираат со пораки или преку „FaceTime“. Родителите исто така преку посебна апликација можат да го следат напредокот на своите деца.

Покрај тоа децата можат да дојдат на училиште кога сакаат, во периодот од 7.30 до 18.30 часот, а потребно таму да се во периодот помеѓу 10.30 и 15 часот.

Покрај тоа на родителите им е полесно да ги организираат и одморите, затоа што виртуелното училиште е достапно секогаш и секаде.