Најисчекуваните паметни телефони низ историјата

Објавено на 30.08.2013 во Новости



Најисчекуваните паметни телефони низ историјата

Иако многу од овие паметни телефони дојдоа пропратени со фанфари, некои навистина беа епски промашувања.

iPhone

Apple постави стандард за скоро сите следни паметни телефони од својот модел iPhone. Првата генерација на овој уред е претставена на 9-ти јануари 2007-ма година по неколку месечни нагаѓања. Apple со овој уред ги редефинираше мобилните телефони, буквално преместувајќи го компјутерот во сечиј џеб.

Со оглед на тоа дека јавноста ги перцепираше нивните телефони како дозадни и неинтересни, на Motorola и требаше нов хит. Кога Motorola го лансираше Razr во 2004-та година, компанијата конечно имаше свој хит.

Тенокиот и исклучително модерен телефон го привлече вниманието на купуцачите. Razr набрзо стана еден од најпродаваните и најпосакуваните телефони во светот пред ерата на iPhone.

Microsoft Kin

Ова е еден од ретките уреди чие почитување беше скоро сосема избегнато. Телефонот едноставно стоеше на полиците дури два месеци пред да биде повлечен. Уредот е дизајниран како нешто меѓу паметен телефон и обичен телефон, но критичарите и купувачите не беа задоволни и покрај интензивната рекламна кампања на Microsoft.

BlackBerry Z10

Овој паметен телефон требаше да биде прв чекор во сериозна реорганизација кај BlackBerry. Во споредба со другите претставници од оваа листа, Z10 имаше релативно мирна премиера. Со овој модел компанијата го освежи и оперативниот систем претставувајќи го BlackBerry 10.

Z10 навистина успеа да ја поправи финансиската состојба во оваа компанија, но аналитичарите сметаат дека BlackBerry не бил подготвен овој телефон да го претстави на вистински начин.

Samsung Galaxy S4

Со претставувањето на овој паметен телефон, се привлече вниманието на голем број луѓе ширум светот. Samsung подготви агресивна маркетингшка кампања како сите на светот би дознале за нивниот нов производ. Се покажа дека тоа е навистина исплатливо.

T-Mobile G1

Првиот Android телефон, T-Mobile G1 кој е направен од HTC има 5 физички копчиња и тастатура која е на извлекување. Денес повеќето од паметните телефони поседуваат само екран осетлив на допир.

Пред неговото појавување, никој не знаел кон што е насочен Google. Постоела можност дека компанијата можеби ќе одлучи да направи сопствен телефон но на самиот крај, G1 претставуваше нешто многу поголемо – тоа беше премиера на Android оперативниот систем.

Palm Pre

Palm Pre е претставен во 2009-та година и беше еден од најпродаваните телефони кај мобилниот оператор Sprint. Ова беше прв телефон кој го користеше Palm оперативниот систем базиран на Linux, webOS.

Motorola Droid

Претставен на 28-ми октомври 2009-та година, Droid беше паметен телефон од кој Motorola очекуваше да прерасне во сериозен iPhone ривал. Droid беше најмоќен и најбрз телефон на Android платформа во тој момент.

HTC First

First е претставен во април 2013-та година како нетрпеливо очекуван Facebook телефон. Но, тој беше и големо разочарување. Телефонот беше премногу осврнат кон Facebook а сето останато беше само површински обработено.

Автор: Aleksandar Stankov