Meizu MX3 е првиот смартфон со 128 GB меморија

Објавено на 01.09.2013 во Новости



Meizu MX3 е првиот смартфон со 128 GB меморија

Кинеската компанија Meizu наскоро ќе го промовира новиот смартфон MX3 за кој се тврди дека ќе биде првиот со 128 GB вградена меморија.
 
Овој кинески ѕвер ќе работи и на супер брзиот Exynos 5 Octa осум-јадрен процесор, а покрај врвниот хардвер има и 5.1 инчен Full HD екран со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Софтверскиот дел е составен од оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean и додатниот интерфејс Flyme 3.0.
 
 
Meizu MX3 ќе биде промовиран во Кина наредниот месец и основната верзија со 16 GB ќе чини 350 долари, додека пак најнапредната верзија со 128 GB меморија ќе чини околу 600 долари. Ова е еден од најдобрите кинески смартфони кои заслужуваат да се најдат на меѓународниот пазар, но таа можност сеуште е многу мала.