Samsung Xpress C460 – мулти-функционален печатач

Објавено на 13.09.2013 во Новости



Samsung Xpress C460 – мулти-функционален печатач

Samsung има долга историја во Европа и има активна улога во овој регион, преку обучување и инспирација на следните генерации на технолошки лидери. Во Холандија, Samsung обучува учители како да ја интегрираат технологијата во дигиталните училници, додека во Полска студентите ја учат вештината на програмирањето. Овие иницијативи се простираат и до Франција и Велика Британија, каде Samsung ги поддржува децата од маргинализираните социјални групи. Овие се само некои од примерите на посветеноста на Samsung кон подобрувањето на знаењето во областа на дигиталната технологија и напорите за намалување на невработеноста кај младите. 

Samsung ја развива својата линија на печатачи со акцент на преносливоста, едноставноста во користењето и дизајнот се со цел да стане број еден производител на А4 ласерски и мулти-функционални печатачи (MFP) до 2017 година. Напредокот во преносливоста, безбедноста но и драматичниот пораст на количините на дигиталните содржини ја поместува потребата од модерни уреди кои им овозможуваат на корисниците лично да управуваат со своите домашни или бизнис потреби за печатење.



Samsung работи и на развојот на апликации во правец на преносните печатачи од 2009 година, вклучувајќи ја и посебната апликација Mobile Print, директната поддршка за безжично поврзување и Native taster за печатење на фотографии, како и ново воведените функции Google Cloud Print и NFC.

Во Берлин, Samsung го претстави првиот NFC мулти-функционален печатач на светот, Xpress C460. Развиен врз основа на желбите и потребите на корисниците за подобра комуникација, соработка и поголеми можности за поврзување, кои сега можат да печатат фотографии и документи директно од своите „паметни“ телефони со едноставен допир на екранот. Исто така е поедноставно скенирањето и праќањето на факсови бидејќи корисниците можат да ги синхронизираат своите контакти од својот паметен телефон со печатачот. 

Xpress C460 на пазарот е достапен од август, а новата моно MFP Xpress M2070 серија која е наменета исклучиво за европскиот пазар, ќе биде достапен од септември 2013 година.

 

Ѓорѓи Грговски