BlackBerry Z30 ќе биде презентиран идната недела во Азија и Европа

Објавено на 16.09.2013 во Новости



BlackBerry Z30 ќе биде презентиран идната недела во Азија и Европа

18 Септември е датумот кога компанијата BlackBerry закажа настан во Франција, Малезија и Индија за да го претстави најновиот модел BlackBerry Z30, кој што претставува 5-инчен BB10 паметен телефон долго време поврзан со моделот A10. Според доверливи извори најпрвин моделот BlackBerry Z30 ќе дебитира на настанот кој ќе се одржи во Малезија, пред тоа да се случи во Франција и Индија. Сепак за тоа портпаролот на BlackBerry одби да даде официјална потврда.

Се претпоставува дека BlackBerry Z30ќе биде најновиот предводник на компанијата BlackBerry, кој ќе го замени веќе постариот модел BlackBerry Z10. Информациите кои протекоа во текот на летото укажаа на тоа дека новиот паметен телефон на BlackBerry ќе поседува 5-инчен Super AMOLED екран со резолуција 1280 х 768, како и 1,7 GHz дво-јадрен процесор со 2 GB рам меморија, BBOS 10.2.0.1442 и моќна батерија од 2880 mAh. Други спецификации кои се познати за новиот паметен телефон е тоа дека ќе поседува 16 GB внатрешна меморија со слот за microSD картичка, Qi безжичен полнач и 8 мегапикселна камера.

Откако ќе биде презентиран новиот модел BlackBerry Z30 во Азија и Европа, за две до три недели после тоа истиот модел ќе биде презентиран и на Американската јавност. Лансирањето на новиот модел кој ќе стане предводник во компанијата BlackBerryдоаѓа токму во моментот кога компанијата планира да продаде дел од својот имот.

 

Ѓорѓи Грговски