Siri излегува од Beta фаза со големи промени

Објавено на 16.09.2013 во iOs



Siri излегува од Beta фаза со големи промени

Гласовниот асистент Siri на 18 октомври кога е закажана промоцијата на новиот оперативен систем iOs 7 ќе излезе од бета фаза. Apple го промовираше гласовниот асистент пред три години заедно со iPhone 4S и од тогаш апликацијата значително се подобруваше.
 
 
Апликацијата Siri може да ја користат сите кои се на верзијата iOs 6, a истото важи и за тие што ќе направат надградба до iOs 7. Во новата верзија на Siri ќе се користат пребарувањата од Bing, Twitter, Wikipedia и други извори. Промена има и во гласот кој сега може да ви одговара како машко или женско лице.
 
 
Со апликацијата Siri се вклучени и повеќе јазици освен англискиот, а тоа се најкористените светски јазици како германски и француски. Интелегенцијата на Siri e многу унапредена па така апликацијата ќе препознава гласови, преку неа ќе може да постирате на Facebook и Twitter и да отворате различни сервиси. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ