GTA 5 е најпрофитабилната игра на сите времиња

Објавено на 19.09.2013 во Новости



GTA 5 е најпрофитабилната игра на сите времиња

Во само првиот ден од пуштање во продажба GTA 5 заработи неверојатни 800 милиони долари со што ги сруши сите рекорди и стана најпродаваниот производ од забавната индустрија.

Претходно рекордот го држеше Call of Duty: Black Ops 2 која заработи 500 милиони долари во првиот ден, а границата од една милијарда долари ја премина по 15 дена. За споредба најпрофитабилниот филм Avengers во првиот ден заработи само 200 милиони долари во кино салите, но треба да се знае дека просечната цена на влезница чини 10 долари, додека игрите се продаваат по цена од најмалку 50 долари.

GTA 5 е во изработка на студијата RockStar Games и Take Two Interactvie и нејзината продукција чинеше огромни 265 милиони долари што е досега најпаметната инвестиција во гејминг индустријата.

GTA 5 е достапна на играчките конзоли Xbox 360 и PlayStation 3, а се очекува да ја надмине границата од 1 милијарда долари заработени за само неколку дена.