Cortana пристигнува на Windows Phone во 2014

Објавено на 20.09.2013 во Новости



Cortana пристигнува на Windows Phone во 2014

Cortana гласовниот личен асистент во изработка на Microsoft неодамна беше случајно откриен во фајл од оперативниот систем Windows Phone 8, што значи дека оваа апликација била подолго време во развој и конечно ќе им биде доставена на корисниците во 2014.
 
 
Според последните информации Cortana ќе работи со базата на податоци добиена од интернет пребарувачот Bing, како и други релеватни извори и ќе може да препознава вкупно 44 светски јазици.
 
 
Први кои ќе ја добијат Cortana, гласовниот личен асистент, се корисниците во Северна Америка и тоа на почетокот на 2014-та година, додека пак сопствениците на Windows Phone уред во Европа и Азија ќе ја имаат таа можност неколку месеци подоцна.