Nokia Lumia 929 ќе биде само поголема верзија на Lumia 625

Објавено на 22.09.2013 во Новости



Nokia Lumia 929 ќе биде само поголема верзија на Lumia 625

Lumia 1520, првиот 6-инчен паметен телефон на Nokia, можеше да биде носител на насловните страници оваа година, но сепак се шпекулира дека ќе излезе нов Lumia модел, кој ќе се произведува надвор од Финска.

Познат е уште и како Lumia 929, кој најпрвин беше спомнувано дека ќе биде друга верзија на Lumia 1520кој што би се користел на Verizon мобилната мрежа во Америка, меѓутоа тоа би можело да биде целосно поинаков решение.

Уредот ќе биде само малку поголем од Lumia 625, кој ќе биде со големина околу 5 инча. Тоа нема да биде само една нова верзија на Lumia 1520 направен за една мрежа, туку нешто повеќе.

Навистина не постојат некои дополнителни детали кои водат кон тој пат. Има голем број на плочки на почетниот екран, што укажува на тоа дека екранот би требал ода биде прилично поголем.

Nokia го промовира настанот на 22 Октомври за американската јавност по социјалните мрежи, на кој се очекува да биде претставен Lumia 1520, а рамо до рамо со него би требало да излезе и Lumia 929.

Lumia 1520 најверојатно ќе биде последниот предводник на компанијата, пред таа да биде преземена од страна на гигантот Microsoft. Доколку излезе со големина од 6 инча, како и што се очекува, тоа ќе биде најголемиот мобилен телефон направен од страна на Nokia. Тоа ќе биде 1080р HD екран, поддржан од страна на четири јадрен процесор.Неофицијални извори велат дека камерата ќе биде со резолуција од 20 мегапиксели.

 

Ѓорѓи Грговски

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: