YotaPhone - паметен телефон со двоен екран ќе се лансира во Ноември

Објавено на 25.09.2013 во Новости



YotaPhone - паметен телефон со двоен екран ќе се лансира во Ноември

YotaPhone е интересен и уникатен мобилен телефон, кој беше претставен на јавноста уште во Февруари оваа година за време на Mobile World Congress (MWC), саемот за мобилна технологија. Најитересна карактеристика за овој уред е тоа што поседува еден регуларен екран од едната страна и екран базиран на e-ink технологијата од друга страна, кој се додава за да се прикажат известувањата и некои други податоци кои не се менуваат многу често.

Добра вест е што конечно производител одреди кога ќе биде лансиран овој интересен уред. Одлучено е неговата продажба официјално да започне во Ноември. Изберено е токму овој перио затоа што тогаш се претпоставува дека корисниците во Русија ќе можат да си го приуштат оваа парче. Како што повеќето велат овој уред нема да се најде на полиците на Западните земји, што би претставувало вистински хендикеп, бидејќи нема да можат да си купат едно вакво уникатно парче. Цената на овој уред би била од 500 до 590 евра.

YotaPhone во предниот дел има 4,3-инчен LCD дисплеј со HD резолуција, како и дополнителен E Ink панел со иста дијагонала на грбот. Резолуцијата во овој случај е 640х360 пиксели, а YotaPhone се напојува со dual-core 1.7 GHz процесор на Qualcomm. Уредот има 32GB внатрешна меморија, 2GB RAM и 12-мегапикселна камера со автофокус и LED блиц во задниот дел.

Батеријата е со капацитет од 1800mAh и предната има уште еден 1МР сензор за видео повици. YotaPhone поддржува Wi-Fi 802.11 a / ​​b / g / n, Bluetooth 4.0, GPS и LTE мрежи, а корисниците ќе можат да избираат помеѓу бела и црна боја. Треба да видиме дали YotaPhone со неговите два екрани ќе го привлече вниманието на корисниците.

 

Ѓорѓи Грговски