NBA 2K14 ќе се игра на уредите со iOs

Објавено на 04.10.2013 во Игри



NBA 2K14 ќе се игра на уредите со iOs

Најновото продолжение на NBA 2K14, најдобрата кошаркарска симулација, сега е достапна за превземање од iTunes за сите смартфони и таблети со оперативен систем iOs. NBA 2K14 е игра која се појавува пред официјалниот старт на новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот NBA и ќе ги има комплетните состави на играчи на сите тимови.
 
iPhone Screenshot 4
 
Заштитно лице на NBA 2K14 е актуелниот носител на шампионскиот прстен Леброн Џејмс, кој две години по ред ја освојува шампионската титула си Мајами Хит, а исто така музичкиот избор на песни во играта е направен според негови предлози.
 
iPhone Screenshot 2
 
Од NBA 2K14 треба да очекувата забавна игра со квалитетна графика и можност да влезете во „патиките“ на најдобрите кошаркари на светот. Играта во iTunes ќе ве чини 7.99 долари и истата зафаќа простор од 1.2 GB. NBA 2K14 сеуште не е достапна за корисниците на Android, но тоа би требало да се случи наскоро. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ